Листа на проекти:

  • Создавање на предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во регионот преку изработка на техничка документација за патна инфраструктура на ниво на изведбен проект со елаборат за заштита на животна средина и мапирање на постоечката и анализа на потребите од идна патна инфраструктура (2010 год)
  • Изработка на Планови и Програми за управување со отпад за Североисточниот плански регион и јакнење на капацитетите на ЕЛС за управување со отпад (2010)
  • Изработка на Студија за оптимално искористување на геотермалните води за развој на туризмот и земјоделството во Североисточен плански регион (2010)
  • Создавање на предуслови за повисок квалитете на живот, преку изработка на студија и технички документации за подобра искористеност на социјална инфраструктура во Североисточниот плански регион (2010)
  • Изработка на Студија за потребите од идни инвестиции во водоводна и канализациона инфраструктура во Североисточниот плански регион со критериуми за приоритизација на инвестициите и системи на управување (2010)
  • Создавање на предуслови за основа за развој на Туризмот (СПОРТ) во Североисточниот плански регион, Фаза-1 (2010)
  • Создавање на предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во регионот преку изработка на техничка документација за патна инфраструктура на ниво на изведбен проект со елаборат за заштита на животна средина, во Североисточен плански регион (2011)
  • Изработка на Проектна документација за регионално водоснабдување на Општини Липково и Куманово (2011).
  • Изработка на Проект за инфраструктура на гасоводна мрежа и Основен проект за гасификација на Општини Крива Паланка и Општина Кратово (2011).
  • Изработка на Физибилите студија за изградба на капацитет за произвотство на електрична и топлинска енергија преку согорување на отпад во СИПР (2012)
  • Изработка на техничка документација за пречистителна станица за отпадни води (од колектор) за с. Липково, општина Липково (2012).
  • Припрема на тендерска документација за Јавно приватно партнерство за изградба на капацитет за производство на електрична и топлинска енергија преку согорување на цврст отпад во Североисточен плански регион (2012).
  • Изработка на техничка документација - основен проект за основно училиште „Кирил и Методиј“ с. Романовце, со наслов: „Зелена енергија за подобра иднина на преку-граничниот регион“ (Green Energy for a Better Future of the Cross-Border Region) - 2013
  • Создавање на услови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во регионот преку изработка на техничка документација за патна инфраструктура на ниво на Основен проект, во Североисточен плански регион (2013)
  • Изработка на главен проект со сите фази врз основ на архитектонски-урбанистичко решение за зграда на локална самоуправа во општина Куманово (2013)
  • Изградба на дел од фекална канализација  во село Слупчане, општина Липково (2013)
  • Изработка на студија за развој на Спортско рекреативен туристички Центар ,,ЗИМСКИ СКИ-ЦЕНТАР КАЛИН КАМЕН“ со идејно решение, Општина Крива Паланка (2013)
  • Реконструкција на патната инфраструктура во с. Конопница, Крива Паланка(во рамките на проектот„Создавање на предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилност во регионот преку реконструкција на патната инфраструктура во с. Конопница, Крива Паланка“) - 2014
  • Изработка на Студија за валоризација на природни и културни потенцијали во Бислимска Клисура во функција на туристички развој со идејно урбанистичко решение на потег од 7 км по течението на Клисура(во рамките на проектот;Бислимска Клисура, потенцијал за равој на алтернативен туризам во Североисточниот плански регион)-2014
  • Унапредување/ изведување на градежни работи на рекреативно - пешачки стази со поставување на урбана опрема (изработка/набавка и монтажа) на потег од 1,5 км. (во рамките на проектот;Бислимска Клисура, потенцијал за равој на алтернативен туризам во Североисточниот плански регион) – 2014
  • Адаптација на простор од Мултимедијален регионален центар во Кратово - втора фаза (2014)
  • Изработка на инсталации за греење (во рамките на проектот: Практичен пример за искористување на биомасата како обновлив извор на енергија во Североисточен плански регион) - 2014
  • Зголемување на сознанијата за искористување на Обновливи Извори на Енергија во СИПР и изготвување на техно-економска анализа  за реализација на пилот проекти со хибридни сончеви системи (2014).
  • Изградба на дел од фекална канализација во с. Матејче-Општина Липково (2014)
  • Изработка на техничка документација (главен проект) со елаборат за геомеханичко истражување и елаборат за животна средина за локални патни правци:                                 

- село Матејче до село Липково во должина од 7,7км, (општина Липково)

- село Мождивњак (м.в. Дубље) до село Каврак (м.в. Падинковец) во должина од 6,50км, (општина крива Паланка) -2014

  • Изработка на техничка документација (главен проект) за изградба на туристичко биро, општина Кратово (2014)
  • Изработка на Студија за мапирање на туристички рути во Североисточен плански регион. (2014)
  • Изработка на техничка документација (Основен Проект) за изградба на инфраструктура во индустриска зона Речица, со сите фази (2014)
  • Изготвување на урбанистичко- планска документација- проект за инфраструктура за Регионален Ски-Центар „Калин Камен“, Општина Крива Паланка
  • Надградба на деловен објект- регионално туристичко биро (Инфо центар) Кратово.
  • Адаптацијанастанбенпростородопштественастамбеназградавособизапрестојнатуристивос. ОтошницавоОпштинаРанковце
  • Партерно уредување на дворот во Дом на културата во с. Матејче и уредување на пешачки стази во Липково кон вештачките езера Липково и Глажња во Општина Липково
  • Адаптација на конференциска сала за потребите од одржување и промоција на поголеми настани од регионално значење во Североисточниот плански регион
  • Опремување на старо училиште во Старо Нагоричане (10 соби за престој на туристи)-Опрема и мебел-купување и поставување/1.071.681,00 денари
  • Изработка на дизајн и пропаганден материјал за промоција на проектните резултати
  • Изработка на студија во рамките на проектот: „Подобрување на перфомансите на прочистителна станица за отпадни води во регионот и намалување на ризикот од поплави преку изградба на атмосферска канализација“
  • Изработка на техничка документација во рамките на проектот: „Подобрување на перфомансите на прочистителна станица за отпадни води во регионот и намалување на ризикот од поплави преку изградба на атмосферска канализација“
  • Ревизија на техничка документација во рамките на проектот: „Подобрување на перфомансите на прочистителна станица за отпадни води во регионот и намалување на ризикот од поплави преку изградба на атмосферска канализација“
  • Реконструкција и адаптација на канцелариски простор во Центар за развој на Североисточен плански регион.
  • Подготовка на Програма за 2015-2016, Акционен План за 2015,  Деловник за работа и процедури за работа на ПРРА во форма на прирачник, во рамките на проектот:  „Иновативни решенија за подобрување на пристапот до услуги на локално ниво,, - Активност за воспоставување на Платформата за Регионална рурална акција во Североисточен плански регион
  • Канцелариска опрема и мебел-купување и поставување
  • Изработка на Регистар на потенцијали за Рурален туризам за Североисточен плански регион
  • Изработка на Водич за инвестиции во Североисточен плански регион (СИПР)
  • Изработка на интерактивен WEB портал за инвестирање во Североисточен плански регион (СИПР)
  • Изработка на Регионална програма и предлог Акционен план за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети во Североисточен плански регион (СИПР)