Североисточен плански регион

Североисточниот плански регион го опфаќа крајниот североисточен дел на Република Македонија, се простира по течението на реките Пчиња и Крива Река и вклучува 6 општини: Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Североисточниот плански регион се протега долж границите со Република Косово, Република Србија и Република Бугарија. Неговата вкупна површина изнесува 2.310 km2, односно 8,98% од вкупната територија на Република Македонија. Според податоците од последниот попис извршен во Р. Македонија („Попис на население, домаќинства и станови во Република Македонија од 2002 година“) во Североисточниот плански регион на Р. Македонија живеат 172.787 жители во вкупно 192 населени места, 189 од нив рурални населени места. Во регионот има вупно 46.295 домаќинства и 59.488 живеалишта („Попис на население, домаќинства и станови во Република Македонија од 2002 година“).

Североисточниот плански регион се состои од 6 општини:

  • Липково
  • Куманово
  • Старо Нагоричане
  • Кратово
  • Ранковце
  • Крива Паланка

Општина

Површина km2

Жители на km2

Населени места

Градско население

Кратово

375

26

31

66,30%

Крива Паланка

480

42

34

69,90%

Куманово

509

213

48

72,30%

Липково

273

109

22

0%

Ранковце

241

16

18

0%

Старо Нагоричане

432

10

39

0%

Вкупно

2310

76

192

56,60%

 Основни информации за општините во Североисточниот плански регион

Во состав на Североисточниот плански регион влегуваат 192 населени места, од кои 189 се рурални населби. Густината на населеност е 76,2 жители/km2 и е приближно до просекот на земјата (83 жители/km2). Учеството на Североисточниот плански регион во Бруто домашниот производ на Република Македонија е на ниво од 5.5%. Согласно Oдлуката за класификација на планските региони во Р. Македонија и развојните индекси за периодот 2013-2017 година, Североисточниот плански регион на Р. Македонија го завзема осмото место по развиеност:

Плански регион

Развоен индекс во однос на просекот на Р. Македонија

Коефициент во однос на регионот со најголем просек

Учество во државната помош за регионален развој (во проценти %)

Скопски плански регион

151,0

1,000

7,2

Југоисточен плански регион

97,1

1,555

11,1

Источен плански регион

96,1

1,571

11,3

Пелагониски плански регион

91,2

1,656

11,9

Полошки плански регион

82,4

1,833

13,2

Југозападен плански регион

81,4

1,855

13,3

Вардарски плански регион

73,5

2,054

14,7

Североисточен плански регион

62,7

2,408

17,3

 

Демографски карактеристики на Североисточен плански регион

 

Демографските трендови карактеристични за Република Македонија, како нискиот природен прираст на населението и неговото бавно стареење се пресликуваат и во Североисточниот  плански регион.

Индексот на бројот на население во 2013 година, споредено со 2009 година како базна покажува пораст од 0.56% што е помалку од кореспондентниот национален индекс. Имено, за истиот тој период, населението на Република Македонија се зголемило за 0.64%.  

Индекс на населението

2009

2010

2011

2012

2013

Република Македонија

100

100.22

100.34

100.47

100.64

Североисточен плански регион

100

100.19

100.26

100.39

100.56

Оттаму, практично и да нема промени во процентуалното учество на насе­ле­нието од Североисточниот плански регион во вкупното население на Република Македонија.

Учество во вкупното население на државата

2009

2010

2011

2012

2013

Република Македонија

100

100

100

100

100

Североисточен плански регион

8.52%

8.52%

8.51%

8.51%

8.51%

Учество на вкупното население во Североисточен плански регион во  вкупното население во Р. Македонија

Густината на населението во Североисточниот плански регион изнесува 76.1 жител на квадратен километар. Населението од регионот во 2013 година живеело во 59.488 станбени единици, а просечната големина на едно домаќинство била 3.7 члена. Стапката на природен прираст во Североисточниот плански регион изнесува само 2.4 промили. (извор: Програма за развој на Североисточен плански регион 2015-2019)

 

Природни ресурси и карактеристики на Североисточен плански регион

Североисточниот плански регион се карактеризира со заштитени природни подрачја и еколошки коридори на националната еколошка мрежа за поврзување на заштитените области и еколошки важните области. Како репрезентативни подрачја се дефинирани повеќе локалитети како на пример Кумановски Козјак кој е предложен за Парк на природата и покрај карпестите отсеци значајни за гнездење на неколку видови грабливи птици, подрачјето претставува краен северен ареал на распространување на некои медитерански видови (грчка желка, големо црноглаво грмушарче, лазач грнчар). Во  остатоците од дабови и букови шуми на северните падини се среќаваат и други значајни видови птици (црвеноградо муварче, Ficedula semitorquata).

Локалитетот Кокино покрај големот културно значење има и голема геоморфолошка вредност. Тој претставува геолошка појава, излив (лачење) на пироксенски андезити и андензити со старост од 32-33 милиони години.

Реката Потрошница има голема орнитолошка и ботаничка важност.  Подрачјето е од посебно значење заради гнездење на повеќе видови грабливи птици и е јадрово подрачје на значајниот орнитолошки локалитет Пчиња-Петрошница-Крива Река.

Локалитетот Куклица, како споменик на природата претставува редок геоморфолошки облик.

Бислимската клисура е кратка клисура со изразено субмедитеранско климатско влијание, богата со подземни и површински карстни форми. Во пештерите се среќаваат значајни колонии лилјаци и е регистрирано присуство на троглофилни видови. Од посебно значење е за гнездење на некои медитерански и грабливи видови птици: египетски мршојадец, сив сокол, златен орел, лисест глувчар, црн штрк и други. По карпите се развива хазмофитска вегетација и овој локалитет има голема биолошка и геоморфолошка вредност.

Клисурата на река Киселица, е од голема зоолошка важност, иако оваа мала клисура е со недоволно проучени природи вредости. Значајна е заради присуството на видра, но возможо е присуство на уште неколку значајни видови од ’рбетниците.

На територијата на Североисточниот плански регион делумно се простираат и Осоговските Планини кои поседуваат значајни вредности од биолошки аспект. Идентификувани се голем број на меѓународно и национално значајни видови од флората и фауната, од кои значителен дел се засегнати, ендемични или ретки видови. Покрај тоа Осогово е идентификувано како: Значајно растително подрачје (ЗРП), Значајно подрачје за птиците (ЗОЛ), Важен коридор за движење на дивите растителни и животински видови во рамките на пан-европската еколошка мрежа за југоисточна Европа (PEEN SEE) и Емералд подрачје.

Регистрирани се 18 хабитати според EUNIS класификациониот систем за хабитати, пет од нив се значајни за зачувување според Директивата за живеалишта. Регистрирани се 1007 видови и подвидови на растенија од кои 18 се регистрирани само на Осогово меѓу кои: Viola biflora, Anemone narcissiflora, Myriophyllum verticillatum, Pulsatilla montana ssp. Slaviankae и др.

Врвот Царев Врв е единствен локалитет за Genista fukarekiana (ендемично растение, се среќава единствено на Осоговските Планини), Hypericum maculatum ssp. Мaculatum и Viola biflora. На Осогово регистрирани се 258 видови макромицети. Утврдено е присуство на 24 видови цицачи. Регистрирани се  133 видови птици,  од нив 36 значајни видови.

Особено значаен орнитолошки локалитет е локалитетот „Раткова скала". Идентификувани се 10 видови водоземци и 21 видови влекачи. Познати се 11 видови риби од кои осум се вклучени  на Црвената листа на IUCN. На Осогово евидентирани се 16 балкански ендемити од групата полжави, вкупно 243 видови пајаци (14 ендемични), 37 видови скакулци (5 балкански ендемити), 15 видови вилински коњчиња, 99 видови дневни пеперутки (Erebia aethiops и Minois dryas се среќаваат само на Осогово), 203 видови тркачи - Carabidae. Осогово се карактеризира со интеракција помеѓу луѓето и природата, а биолошката разновидност и човековото наследство, сочувано во природни пејсажи, придонело кон формирање на карактеристични предели.

 

Климатски и хидролошки карактеристики на Североисточен плански регион

Територијата на Североисточниот регион ги опфаќа сливните подрачја на реката Пчиња и Крива Река и во најголем дел припаѓа на Вардарското сливно подрачје, а многу мал дел на меѓународниот слив на Јужна Морава. Во својата хидрографска структура регионот располага со разни видови на извори на вода и две вештачки акумулациони езера (Липковско Езеро и Глажња). Водниот потенцијал се должи на релативно високата надморска височина на која се наоѓа дел од регионот, како и геолошкиот состав на земјиштето. Регионот изобилува со бројни реки и мали сливови кои припаѓаат на Крива Река и Дурачка Река. На подрачјето на општината Крива Паланка се изградени две акумулации: Базјачко Брдо со капацитет од 14.100 м3 вода и акумулацијата Влашки Колиби на локалитетот Калин Камен со капацитет од 6.200 м3 вода на надморска висина од 1.590 м.

Едно од главните обележја на дел од просторот на овој регион се прилично атрактивните вештачките акумулациони езера - Липковско Езеро и Глажња - во Општина Липково. Првото е акумулирано на Липковската Река, во непосредна близина на с. Липково, на површина од 0,40 км2, а во него се акумулирани 2.250.000 м3 вода. Поголемото езеро Глажња е поставено на североисточните падини на Скопска Црна Гора и акумулира околу 22.000.000 м3 вода.

Злетовска Река пак, е типичен пример на отворено и високопланинско водено тело и се одликува со ладни и брзи води во горниот тек, тече во планинскиот дел и е со добар воден потенцијал со среден годишен проток од 1,98 м3/сек.

На подрачјето на Општина Крива Паланка изградени се две акумулации: Бажјачко Брдо, со капацитет од 14.100 m3 вода и акумулацијата Влашки Колиби на локалитетот Калин Камен, со капацитет од 6200 m3 вода, на 1590 m надморска височина.

Во однос на водниот потенцијал, во регионот постои можност за изградба на акумулации или брани на неколку локации: брана на Станешка Река за водпснабдување и други потреби, брана на Мпштеничка Река (местото Просечник), брана на Упраничка Река, брана на Дубровничка Река, брана на Матејчанска Река, брана на Отљанска Река, брана на Слупчанска Река и брана на Лојанска Река. 

 

Економски карактеристики на Североисточен плански регион

Учеството на Бруто домашниот производ (БДП) на Североисточниот плански регион во БДП на Република Македонија е на ниво од 5.5%, што е многу помалку од учеството на регионот во вкупната територија и вкупниот број на население за државата.

Основни податоци

СИПР

РМ

Учество

Бруто домашен производ, 2013 во милиони денари

25.807

466.703

5,5%

Бруто домашен производ  по жител , 2013

147.095

226.440

65,0%

Бруто додадена вредност, 2013 во милиони денари

22.322

403.684

5,5%

Инвестиции во основни средства

2.645

109.071

2,4%

Учество на инвестициите во бруто додадената вредност

11.8%

27,0%

 

Број на активни деловни субјекти , 2014

4.159

70.659

5,89%

Број на мали претпријатија, до 49 вработени, 2014

4.069

69.148

5,88%

Број на издадени одбренија за градба, 2014

140

2.628

5,33%

Предвидена вредност на објектите

7.987.414

69.630.696

11,47%

Создаден комунален отпад , во тони 2014

78.182

765.156

10,22%

Собран комунален отпад, во тони 2014

65.747

569.794

11,54%

Потрошувачка на електрична енергија во индустријата, во GWh, во 2013 енергија

41

2.401

1,71%

Бруто домашен производ и инвестиции

Забрзувањето на економската активност во регионот и постепеното излегувањето од кризата од крајот на минатата декада условува нивото на БДП по жител во регионот, споредено со просекот на државата, да расте побрзо и од скромни 51,4% од нивото на просекот за Република Македонија да се искачи на 67,7%, што преставува релативно добар резултат и укажува на реално заживување на економијата и во овој регион.

 

2009

2010

2011

2012

 

Република Македонија

Бруто домашен производ

(мил. денари)

410.734

434.112

459.789

466.703

Учество

100,0%

100,0%

100,0%

100,0%

                                                                                                                                      Североисточен регион

Бруто домашен производ

(мил. денари)

18.299

19.021

25.511

25.807

Учество

4,5%

4,4%

5,5%

5,5%

Мерено по жител, Североисточниот плански регион во 2012 година имал бруто домашен производ од 25.807 милиони денари или 150.556 денари по жител.

БДП по жител (денари)

2009

2010

2011

2012

Република Македонија

200.293

211.246

223.357

222.519

Североисточен регион

104.775

108.664

145.554

150.556

 

Гледано во целина, Североисточниот плански регион се развива релативно побрзо од некои други региони. Според Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност, Североисточниот плански регион има развоен индекс 0,56, економско социјален индекс 0,33 и демографски  индекс со 0,70. Регионот има двојно помало учество во инвестициите во Република Македонија (2,4%) во однос на учеството во бруто додадената вредности (5,5%). (извор: Програма за развој на Североисточен плански регион 2015-2019)

Структура на компании во регионот

Од вкупно 4.159 активни деловни субјекти во Североисточниот плански регион, најголемо учество имаат претпријатијата од дејноста трговија (37,72%) и преработувачката индустрија (14,26%). Поголемо  учество на бројот на претпријатија по дејности во Република Македонија се забележува кај преработувачката индустрија (7,73%), рударството (6,67%), објекти за сместување (6,5%), трговијата (6,28%), земјоделието (5,91%) и транспорт и складирање (5,24%).

Најголемиот дел од претпријатијата во Североисточниот плански регион 90,2% се микро компании, а потоа следат малите претпријатија со 7,6%.  Нивното учество е поголемо од учеството на МСП во вкупниот бројот на претпријатија во Република Македонија.

Како најзначајни сектори на стопанската активност се индустријата (прехранбена, хемиска и металната индустрија, тутунот и цигарите) и градежништвото. Обемот на инвестиции во основни средства во регионот е низок и е под просекот за државата. Додека националниот податок за обем на инвестициите покажува раст од 15.8%, растот кај Североисточниот плански  регион е 9.56%.

Пазар на работна сила

Стапката на активното население во регионот се намалува, но вработувањето е  зголемено и со тоа невработеноста опаѓа. Во споредба со националниот просек Североисточниот плански регион има помала стапка на активност, стапка на вработеност и поголема стапка на невработеност, која од година во година опаѓа.

 

Република Македонија

Североисточен плански регион

Работоспособно население

1.672.460

139.836

Стапка на активност

57.2

54.2

Стапка на вработеност

40.6

29.9

Стапка на невработеност

29.0

44.9

 

Инфраструктура

 

Патна инфраструктура

Патната инфраструктура во Североисточниот регион се состои од локална, регионална и А патна мрежа. Низ регионот поминуваат европските коридори VII и X.

Постојната патна инфраструктура во Североисточниот сточниот плански регион се состои од 888 км локални патишта, 99 км А државни патишта и 370 км регионални патишта.

Главни патни правци кој што го поврзуваат овој регион со другите регион се државниот пат  А1 (Скопје - Куманово - Граница со Македонија) и државниот пат А2 ( Куманово - Крива Паланка - Граница со Бугарија)

Во регионот делови од следниве регионални патни правци имаат земјан коловоз:

•              Р 1210 Крива Паланка - Тораница - Македонска Каменица (Саса)

•              Р 2244 (Арбанашко - Рамно - Граница со Србија)

•              Р 2248 (Герман - Нерав)

•              Р 2245 ( Огут - граница со Србија )

•              Р 2250 (Луке - граница со Србија)

•              Р 2247 (Татомир - врска со Р 1205)

 

Само дел од општините имаат добра база на податоци за состојбата на патната мрежа, потребните средства, врз основа на кои може правилно да се планира одржувањето и развојот на локалната патна мрежа. Во последните неколку години со користење на сопствени средства, како и средствата од Министерството за транспорт и врски дел од локалните патишта се реконструирани и надоградени.

Густината на патната мрежа во Североисточниот плански регион изнесува 0,59 и е поголема за 7,3% од густината на патната мрежа на ниво на Република Македонија (0,55). 

 

Република Македонија

Североисточен регион

%

А патна мрежа

1153

99

8,59%

Регионални патишта

3771

370

9,81%

Локални патишта

9258

888

9,59%

Вкупно

14182

1357

9,57%

 

Во Североисточниот плански регион постојат три гранични премини. Два гранични премини се со Република Србија (Табановце и Пелинце) и еден со Бугарија (Крива Паланка).

 

Железничка инфраструктура

Покрај патиштата во состав на транспортните коридори се и железничките траси. Во Североисточниот регион лоцирани се две железнички линии и тоа во коридорот бр. VIII e трасата на железничката линија од Куманово со врска со железничката линија од коридорот бр. X, преку Крива Паланка продолжува кон Р. Бугарија. Во коридорот X е трасата на железничката линија граница со Србија - Куманово - Скопје - граница со Грција.

Оваа железничка врска е многу релевантна за стопанството, како за државата така и за регионот. Во последните години превземени се мерки за реконструкција на оваа пруга. Вкупната должина на оваа железничка линија која е лоцирана во регионот изнесува 31 км.

Густината на железницата во регионот изнесува 13,27 км на 1000 км2 (27 км просечно во Македонија).  (извор: Програма за развој на Североисточен плански регион 2015-2019)

 

Воздушна инфраструктура

Во непосредна близина на Куманово се наоѓа аеродромот „Александар Велики“. Близината на овој аеродром овозможува опслужување на дел од општините во Североисточниот регион. Тоа се пред се општините кои се наоѓаат во близина на Куманово.

Во близина на Куманово, кај село Режановце, постои и спортски аеродром од класа 2Б со писта  (850 х 100) од тревната подлога и површина од 51,37 ha, како и леталиште за стопанска авијација „Клечовце“ кое има површина од 6 ha.

Енергетска инфраструктура

Со изградба на хидро системот Злетовица создадени се услови за производство на електрична енергија преку планираните мали ХЕЦ на системот Злетовица.

 

Гасоводниот систем во Република Македонија е дел од рускиот транзитен гасовод кој поминува низ Украина, Романија и Бугарија. Република Македонија се приклучува на бугарскиот дел од гасоводот во граничниот реон Деве Баир. Гасоводот се протега во Североисточниот регион и тоа во подрачјата на Крива Паланка, Кратово и Куманово. Постојна инфраструктура:

  • магистрален гасовод Деве Баир - Скопје со должина од 98 км;
  • разводна гасоводна мрежа со должина од 26 км (за Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје);
  • градска мрежа со должина од 31,5 км (за Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје).

 

Вкупниот капацитет на системот за пренос на природен гас изнесува 800 милиони м3/година. Со оглед на фактот дека нема развиени дистрибутивни мрежи за користење на природениот гас од страна на домаќинствата и малите и средни претпријатија, малиот број, исклучиво индустриски потрошувачи (тарифни потрошувачи) се приклучени на системот за пренос на природен гас, што резултира со искористеност на капацитетот на системот за пренос на природен гас со приближно од 9% до 15%.

Објект

Должина (km)

Дијаметар на цевка (mm)

Магистрален гасовод

98.197

530

Разводен гасовод кон Крива Паланка

1.521

108

Разводен гасовод кон Гиновци

1.692

108

Разводен гасовод кон Кратово

4.592

108

Разводен гасовод кон Куманово

6.972

219

 

Во регионот идентификувани се потенцијали за користење на обновливите извори на енергија. Сончева енергија во географската ширина на регионот може да се експлоатаира во поголем дел од годината. Регионот располага со скромен потенцијал на енергија од ветер. Со повисок потенцијал се планинските подрачја на Козјак, Билино и Осоговските планини (со средна брзина на ветерот од над 4-6 м/с). Равничарскиот терен се одликува со средна брзина на ветерот од 2-3 м/с. Познатите хидротермални ресурси во СИПР се одликуваат со релативно низок температурен и енергетски потенцијал.  (извор: Програма за развој на Североисточен плански регион 2015-2019).

Цврст комунален отпад

Управувањето со цврстиот отпад во Североисточниот плански регион се сведува на негово собирање, транспорт и депонирање. За управувањето со цврстиот отпад одговорни се Општинските комунални претпријатија. Во овој регион постојат 4 депонии кои согласно националниот план за управување со отпад, а според ризикот за загадување на животната средина, се класифицирани на следниот начин:

  • Депонија со висок ризик „Конопница” - општина Крива Паланка;
  • Депонија со среден ризик „Краста” - општина Куманово;
  • Депонии со низок ризик локација „Железница” - општина Кратово;
  • Локација „Бел Камен” - општина Липково.

Рециклирањето, односно селекцијата на рециклабилните фракции од комуналниот цврст отпад се врши на многу мал дел од отпадот и тоа преку селекција на отпадот во поставени садови за отпад во неколку општини. Неформалниот сектор ја собира отпадната пластика и метал директно од садовите за собирање на отпадот. Организирано собирање постои само за отпадот од пакување.  Регионалниот план за управување со отпад е подготвен и основано е регионално претпријатие за управување со цврстиот отпад. Другите видови на отпад, како што се отпадни гуми, батерии и акумулатори, отпадни масти и масла, искористени возила и отпад од електрични и електронски апарати не се селектираат и завршуваат на депониите за комунален отпад.

 

Водоснабдување и отпадни води

Водоснабдувањето и одведувањето на комуналните отпадни води во сите општини се одвива преку воспоставени претпријатија за таа намена. Во 5 општини услугите ги обезбедуваат Јавни комунални претпријатија (ЈКП) кои се формирани од општините и се во нивна сопственост, додека само во општината Кратово обезбедувањето на услугите е доверено на приватна компанија по пат на концесија. Поврзаноста на населението со централни системи за водоснабдување постои само во урбаните центри. Во руралните области, проблемот со водоснабдувањето во секое населено место се решава индивидуално, парцијално и етапно.

Колекторската и градска мрежа претежно е лоцирана во урбаните центри на општините. Во однос на покриеноста на населението со канализационата мрежа во урбаните средини таа се движи од 80% до 100%, додека во руралните средини се движи од 0% до 100%. Дел од руралните населени места не располагаат со системи или со соодветни септички јами за отпадни води. Според процентот на покриеност на населението со пречистување на отпадните води од 60% Североисточниот плански регион е далеку над републичкиот просек (12,7 % на ниво на Република Македонија). Во регионот постои само една пречистителна станица за отпадни води која е лоцирана во Куманово и е со капацитет од 100.000 е.ж.

 

Туризам

 

Туристичките трендови во Североисточниот плански регион претрпеле релативно големи промени изминатите години. Туристичката клиентела е променета, како во нејзината структура, така и според нивните барања. Потребите на туристите кои го посетуваат Североисточниот плански регион се специфични и сегментирани, а според нив се прилагодила и туристичката понуда. Дестинациите кои во минатото биле непознати за туристичката клиентела, денес бележат се поголема посетеност. Се поголемо внимание се посветува на креирањето на развојни туристички планови, програми и стратегии во тие дестинации.

 

Учеството на капацитетите за сместување во регионот во вкупниот капацитет на Р.Македонија е мало и бележи тренд на намалување од 1,145% во 2011 на 1,09% во 2014 година. 

 

 

2011

2012

2013

2014

Индекс 2014/2011

соби

легла

соби

легла

соби

легла

соби

легла

соби

легла

Република Македонија

26.448

69.737

26.877

70.287

26.887

70.297

27.422

71.225

103,68

102,13

СИПР

302

645

306

653

300

647

298

648

98,68

100,47

Учество на СИПР во РМ

1,14%

0,92%

1,14%

0,93%

1,12%

0,92%

1,09%

0,91%

-

 

 

Во изминатиот четиригодишен период бројот на туристите во регионот е зголемен за 82,4% а бројот на ноќевањата за 56,7%, што е поголем процент на зголемување од она на ниво на Република Македонија.

За разлика од Република Македонија, во Североисточниот регион зголемување на бројот на туристи и ноќевањата се однесува и на домашните и на странските туристи (96.01% и 74,67% соодветно). Меѓутоа, забележителен е негативен тренд на просечните денови на престој кај странските туристи, поточно намалување од 1,992 денови во 2011 на 1,652 денови во 2014 година.

Странските туристи во регионот бележат скоро исти вредности за просечниот престој на домашните туристи. И покрај растечката тенденција на престојот, во последните две години се бележи намалување на престојот. Поради утврдените просечни вредности на престојот на домашните и странските туристи, вкупниот број на туристи бележи слични показатели.