Североисточниот плански регион го опфаќа крајниот североисточен дел на Република Македонија и се простира по течението на реките Пчиња и Крива Река. Регионот е еден од најмалите по површина, вкупната површина на регионот изнесува 2310 км2, односно 8,98% од вкупната територија на Република Македонија. Регионот има 6 општини (Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка) и се протега долж границите со Косово, Србија и Бугарија.

Според Пописот на населението, домаќинствата и становите 2002 година, Североисточниот плански регион зафаќа 8,98 % во вкупната површина на Република Македонија, дом е на 8,54% во вкупното население и 10,87% од населените места во Републиката.

Во неговиот состав влегуваат 192 населени места, од кои 189 се рурални населби. Густината на населеност е 76,2 жители/км2 и е приближно до просекот на земјата (83 жители/км2). Густината на населението во Североисточниот плански регион изнесува 76.2 жител на квадратен километар. Населението од регионот живее во 59.488 станбени единици, а просечната големина на едно домаќинство била 3.73 члена.

  • плански регион е економски најнеразвиениот плански регион во Република Македонија. Неговото учеството во Бруто домашниот производ на Република Македонија е на ниво на скромни 5.5%, што е многу помалку од учеството на регионот во вкупната територија и вкупниот број на население за државата.

Согласно одлуката за класификација на планските региони во Р. Македонија и развојните индекси за периодот 2013-2017 година, Североисточниот плански регион на Р. Македонија го зазема осмото место по развиеност.

Рамката за применета регионалната развојна политика е втемелена во Законот за рамномерен регионален развој од 2007 и Националната Стратегија за регионален развој 2009-2019. Платформата за Регионална Рурална Акција (ПРРА) е механизам за поддршка на одржлив економски развој во Североисточниот Плански Регион, воспоставена врз воспоставена врз основ на Закон за меѓуопштинска соработка. Развојот на платформа за развој на руралната економија во регионот е потреба која има за цел да ги опфати и вмрежи силно поврзаните области (земјоделие, туризам, трговија, производство), кои се во исто време независни и мулти-секторски. Ваквата активност би резултирала со добивање на поефикасни и интегрирани економски целини и процеси.

Во Платформата за Регионална Рурална Акција се активирани поголем број на засегнати страни во Североисточниот Плански Регион, како целна област, со цел ефективно да се дизајнира и концептуализира регионалниот економски развој. Оваа платформа претставува институционална и легална рамка за имплементација на акции чие влијание е на целиот регион и идентификуваните вредносни синџири во него.

Платформата за Регионална Рурална Акција (ПРРА) ќе им овозможи на креаторите на применетите политики (општините) да создаваат ефикасни алатки со применети политики кои ќе привлечат нови бизниси, ќе имаат придобивки од создавањето на работни места, даноци, додека за економските субјекти ќе значи обезбедување на систематска и стабилна структура за поддршка на идниот раст.

Целта на платформата е континуирано да идентификува, координира и да нуди решенија за економските проблеми во регионот. Платформата ќе развие систем на етаблирање и одржување на синергии помеѓу јавниот и приватниот сектор. Истата ќе служи како центар (хаб) за процесите за собирање на информации по однос на вистинските потреби на реалниот сектор на локално ниво, во регионот како и помеѓу регионите. Ова ќе овозможи јавниот сектор да има јасна слика (познавања) за потенцијалот и можностите кои приватниот сектор ги поседува, како и за потребите на приватниот сектор . Истовремено, платформата ќе им помага на компаниите да развијат одржливи вредносни синџири и да употребуваат локални ресурси со цел да постигнат поголеми придобивки од нивните производи и услуги. На некој начин, целта е да се направи комбинација на принципите и процесите на локален економски развој и вредносни синџири во една структурна целина/место.

Создавањето на Платформата за Регионална Рурална Акција ќе има комплементарна улога на акциите од горенаведените цели со главен фокус на економијата во руралните области. Дополнително, ќе ја подобри и имплементацијата на применетите политики за децентрализација кои се однесуваат на руралните области, создадени на национално ниво. Со други зборови, ПРРА ќе биде поддршка на Општините и Североисточниот плански регион по однос на владеењето, двата ЛАГови, како и по однос на имплементирањето, во нивните обиди за регионалено рурално економско возобновување и развој.

Основни и фундаментални критериуми за воспоставуање на Платформата за Регионална Рурална Акција се:

  • Потребата за воспоставување на економски врски засновани на моменталната регионална економија и компатибилност на економските структури
  • Искористување на близината на атрактивни пазари – национални и интернационални (Косово, Србија и Бугарија)
  • Демографска ситуација која се карактеризира со потенцијал на човечки капитал и висока стапка на невработеност
  • Можности за раст во земјоделието
  • Хомогени карактеристики на природни ресурси: обработливо земјиште, биодиверзитет, агро-бизнис и структура на фарми.
  • Потенцијал за развој на зелени-индустрии како и подобрување на заштитата на природата при вршење на економски активности
  • Потребата за подобрување на постоечката физичка инфраструктура (конверзија на стари и напуштени објекти/куќи/училишта во економски единици т.е. микро brownfield инвестиции)
  • Искористување на економските можности за подобрување на преку-граничната бизнис соработка (развој на прекугранични синџири на вредности)

Анализата на стратешките документи за Североисточниот плански регион (Програмата за развој на Североисточен плански регион, Акционен план за имплементација на Програмата за развој и Стратешкиот план за Центарот за развој на Североисточен плански регион), но и анализата на постоечки закони, регулативи и стратегии на државно, регионално и локално ниво кои се од интерес за Платформата за Регионална Рурална Акција, спроведени за време на деск истражувањето, овозможија детерминирање на четири главни приоритетни мерки за програмата за работа на Платформата за Регионална Рурална Акција. При утврдувањето на овие приоритетни мерки беа земени во предвид и размислувањата на засегнатите страни и клучните чинители од Североисточниот плански регион и тоа преку проектните идеи доставени од нив, согласно потребите на регионот и општините во него.

Главните приоритетни мерки на Акциониот план за Програмата за работа на Платформата за Регионална Рурална Акција се:

  1. Подобрување на инфраструктурата за остварување економски регионален развој во Североисточниот плански регион.
  2. Промоција на традиционалните вредности и екологијата во Североисточниот плански регион.
  3. Промоција на туризмот и развој на Претприемништвото во Североисточниот плански регион.
  4. Развој на капацитетите за промоција на земјоделието и регионален развој на Североисточниот плански регион.

Дефинираните приоритетни мерки за Платформата за Регионална Рурална Акција се во согласност и со стратешките приоритети на Центарот за развој на Североисточниот плански регион кои вклучуваат:

1) Организациско јакнење и дефинирање портфолио на услуги;

2) Спроведување на програмата за регионален развој и реализација на проекти;

3) Препознатливост и позиционирање на Центарот во регионот преку зајакнато вмрежување.